Dildar Baykan
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп го информираше американскиот Конгрес дека и официјално се повлекле од Светската здравствена организација (СЗО), јавува Агенција Анадолија (АА).
Боб Менендез, сенаторот на Њу Џерси и претседателот на Комитетот за надворешни односи во Сенатот во објавата на социјалната мрежа Твитер истакна дека сѐ уште продолжува пандемијата на новиот тип на коронавирус и додаде: „Среде пандемијата на коронавирусот, американскиот конгрес доби известување од претседателот Доналд Трамп дека САД и официјално се повлекла од СЗО“.
Менендез истакна дека ваквиот чекор на администрацијата на Трамп, ќе ја остави американската администрација „болна и сама“.
Од друга страна, официјално лице од Белата куќа кое зборувало за американскиот печат и чие име не е објавено изјавило дека официјалното повлекување стапува на сило во понеделник, а официјално извесување е испратено и до Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.
- Борбата на Трамп со СЗО за Ковид-19
На 14 април Трамп ја обвини СЗО за нејзината неуспешна борба со пандемијата на Ковид-19 и за нејзината близина со Кина, соопштувајќи дека ја прекинува финансиската поддршка за организацијата.
Трамп на 18 мај испрати писмо до директорот на Светска здравствена организација Тедрос Аданом Гебреисус во кое го информира дека доколку не бидат направени значителни реформи, САД по 30 дена „трајно“ ќе ги замрзне финансиските фондови кои и ги обезбедува на организацијата.
Но пред истекот на овој рок, Трамп на 29 мај објави „Денес ја прекинуваме нашата врска со Светската здравствена организација“.
И покрај оваа изјава, Трамп нема направено чекор за официјално повлекување.