Gizem Nisa Çebi
16 Април 2024•Ажурирај: 17 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан утре ќе допатува во официјална посета на Доха за да разговара за билатералните односи, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Хакан Фидан ќе се состане со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал Тани, соопшти Министерството.
„За време на средбата ќе се разговара за билатералните односи, како и за ситуацијата во Палестина и за регионалните случувања“, се додава.
Министерството не сподели дополнителни информации во врска со претстојниот состанок.