Alper Şaşmaz
07 Април 2024•Ажурирај: 09 Април 2024
АНКАРА (АА) - Претседателката на Црвената полумесечина на Туркије, Фатма Мерич Јилмаз изјави дека во Газа ќе биде испратен уште еден брод со хуманитарна помош, известува Анадолу.
Таа истакна дека веќе започнало товарењето на хуманитарната помош и неопходните работи на бродот.
„Се работи напорно за да се испрати нов брод со помош, а товарењето веќе започна. Помошта што ни ја доверивте за цивилите во Газа е од витално значење. Посебно децата и жените се во голем ризик во градот каде владее недостаток на електрична енергија, храна и вода за пиење“, рече Јилмаз на профилот на социјалните мрежи.
Црвената полумесечина на Туркије минатиот месец, исто така, испрати брод со хуманитарна помош за Газа.