Cem Genco
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
ХАТАЈ (АА) - Турската хуманитарна фондација ИХХ отвори луна-парк во сирискиот град Идлиб и израдува илјадници деца во тој регион кој веќе со години е цел на жестоките напади на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Хуманитарната фондација ИХХ, Селим Тосун, за АА изјави дека оваа организација и понатаму ќе спроведува програми за поддршка на сириските деца, особено на оние кои за време на војната останаа без родители.

„Децата во Сирија не знаат за живот без војна. Еден празен простор претворивме во луна-парк во кој стотици деца уживаат во детските игри и на момент можат да ја заборават војната и проблемите околу себе“, изјави Тосун.
Волонтерите на Хуманитарната фондација поделија и пригодни подароци на децата од Идлиб.