ВАШИНГТОН (АА) – Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), губејќи го здравиот разум за операцијата „Извор на мирот“, која турските вооружени сили ја започнаа со цел оневозможување на формирањето терористички коридор, близу јужната граница на Турција и за обезбедување мир и спокојство во регионот, усвои два нацрт-закона против Турција, кои ќе остават голема дамка во билатералните односи, пишува Anadolu Agency (AA).
Денот кога двата предлог-закона против Турција се усвоија во Претставничкиот дом на САД, 29 октомври 2019 година, ќе биде евидентиран како црн ден во турско-американските односи.
Нацрт-резолуцијата со број 296 за таканаречениот „ерменски геноцид“ и Нацрт-законот со број 4695 кој предвидува санкции кон Турција поради операцијата во Сирија, вчера со големо мнозинство беа усвоени од Претставничкиот дом на САД.
Всушност, усвојувањето на овие два нацрт-закона кои се против Турција и имаат различни позадини, точно на 29 октомври - Денот на Републиката, ја прикажува психолошката атмосфера во Конгресот на САД.
Нацрт-резолуцијата за Ерменците донесен во таа атмосфера не е обврзувачка. Доколку биде усвоена во Сенатот, тоа би било како препорака дека американскиот Конгрес го признава таканаречениот „ерменски геноцид“.
Нацрт-законот „За санкции кон Турција“, исто така треба да помине во Сенатот и да биде потпишaн од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.
- Изненадени од операцијата во Сирија ја донесоа Резолуцијата за Ерменците -
Демократот Адам Шиф, на 8 април, Предлог-резолуцијата за Ерменците ја достави до Претставничкиот дом. До пред неколку недели се работеше за предлог-резолуција што веројатно немаше да стигне до Генералното собрание, како и претходните.
Сепак, операцијата на Турција во североисточниот дел на Сирија против терористичката организација ЈПГ/ ПКК која започна на 9 октомври, доведе до тоа, и во Сенатот и во Претставничкиот дом на САД расположението против Турција да се искачи на самиот врв.
Предлог-резолуцијата за Ерменците на 28 октомври беше усвоена од Статутарниот комитет на Претставничкиот дом и испратена до Генералното собрание. Истиот ден од страна на претседателката на Претставничкиот дом, демократот Ненси Пелоси, беше ставена на дневниот ред.
Вообичаено, за процесот да стигне до Генералното собрание треба да помине подолго време, но кога станува збор за нацрт-резолуција за Ерменците, беше овозможено да биде изгласана во Генералното собрание на 29 октомври.
Конгресот, мислејќи дека администрацијата на Трамп не ги презеде соодветните чекори за операцијата на Турција во Сирија, Предлог-резолуцијата за Ерменците за два дена ја донесе до Генералното собрание со цел „да ѝ наштети на душата“ на Анкара.
- Што означува Резолуцијата за Ерменците?
Ерменската резолуција со број 296 е законски необврзувачки текст и преставува само препорака. Во сегашната форма, тоа значи дека Претставничкиот дом на САД го признава „таканаречениот ерменски геноцид“, како што е предвидено со оваа предлог-резолуција.
Доколку овој предлог-закон помине во Сенатот во оваа форма, тогаш може да се каже дека американскиот Конгрес ги признава ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година како „геноцид“. Сепак, во секој случај, оваа нацрт-резолуција нема никакви правни обврзувачки дејства.
Во последно време, во внатрешната политика има сериозни несогласувања помеѓу Републиканците и Демократите во Конгресот, но по операцијата „Извор на мирот“ значително се здружија против Турција.
Во таква средина, Предлог-резолуцијата за Ерменците беше доставена до Генералното собрание кое се состои од 435 пратеници. Предлог-резолуцијата беше усвоена со 405 гласа „за“, 11 „против“ и 3 „воздржани“. На гласањето не присуствуваа 13 пратеници.
Од 234 пратеници во Парламентот, 226 од Демократската партија гласаа „за“, додека од вкупно 197 Републиканци, 178 пратеници гласаа „за“.
Воздржани беа Илхан Омар, претставничка на Минесота, една од двајцата муслимани во Конгресот, демократот Еди Бернис Џонсон и републиканецот Пол Госар.
Привлече внимание тоа што сите 11 гласа „против“ беа од страна на републиканските пратеници.
- Нацрт-резолуцијата за Ерменците беше прифатена со јасна поддршка на двете партии -
Како краен резултат, Нацрт-резолуцијата за Ерменците во Генералното собрание на Претставничкиот дом на САД беше прифатена со јасна поддршка на двете партии.
Тоа покажува дека непријателството кон Турција во Конгресот, во последните години, кулминираше со операцијата „Извор на мирот“ и во однос на тоа, значајно е да се каже дека во Конгресот е исчезната рационалноста за надворешната политика.
Овој чекор преземен поради дневно-политичките пресметки, но емоционална во суштина, нема да служи за никаква друга цел освен за зголемување на антиамериканизмот во Турција.
Фактот дека републиканската линија, која традиционално во Сенатот ерменското прашање го става зад турско-американските односи, ако и денес има сличен пристап и Предлог-резолуцијата не ја земе на дневен ред, може да спречи кризата со Нацрт-законот на Ерменците да не се зголеми и понатаму.
- „Предлог-закон за санкции“ -
Од друга страна, веднаш по Предлог-резолуцијата за Ерменците на дневен ред на Генералното собрание на Претставничкиот дом дојде и Предлог-законот за санкции кој беше изгласан со 403 гласа „за“ и 6 гласа „против“. Законот предвидува некои санкции кон Турција поради операцијата „Извор на мирот“.
Всушност, Предлог-законот има многу сличности со Предлог-законот за санкции кон Турција, кој беше доставен до Сенатот од страна на пратениците Линдзи Грем и Крис Ван Холен, но со Договорот постигнат меѓу Турција и САД беше одложен за некое време.
Предлог-законот во средината на месецот доставен од страна на претседателот на Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом, демократот Елиот Енџел и републиканецот во Претставничкиот дом, Мајк Меккол, предвидува санкции за некои турски претставници во врска со операцијата „Извор на мирот“.
Исто така, законот предвидува суспензија на продажба на оружје на Турција и некои други финансиски санкции.
Од демократите, 226 гласаа „за“ законот; исто така, го подржаа и 176 члена на републиканците.
Вкупно 16 пратеници гласаа „против“, а единствениот демократски пратеник кој беше против законот е муслиманската претставничка од демократите, Илхан Омар.
- Треба да биде усвоен и во Сенатот -
За да биде донесен Предлог-законот, тој, на ист начин мора да биде усвоен и во Сенатот, и потоа да биде одобрен од претседателот Трамп.
Доколку Сенатот донесе друга верзија на законот, треба да се формира комисија од двете крила на Конгресот за да ги отстрани разликите и да изработи заеднички текст. Ако тој заеднички текст помине и во Сенатот и во Претставничкиот дом, Предлог-законот ќе дојде на масата на Трамп.
Меѓутоа, ако Предлог-законот во двете крила на Конгресот биде усвоен со двотретинско мнозинство, законот ќе биде донесен без да го потпише претседателот Трамп.
Аритметиката на Конгресот ќе ја утврди судбината на Предлог-законот.
Во сегашни услови, овој или сличен предлог-закон за „Санкции врз Турција“ можно е да биде усвоен во Сенатот, но можно е да не биде усвоен, или пак да биде усвоен без двотретинско мнозинство.
Иако има договор за прекин на огнот и иако воените операции во моментов се прекинати, некои републикански сенатори (во прилог на демократите) сѐ уште мислат дека Турција треба да биде казнета за чекорот што го презеде против ЈПГ/ПКК.
Од друга страна, ставот за санкции кај некои сенатори, како што е Грем, кои доминираат кај републиканците, во последните денови е омекнат, по примирјето и по изјавите на Трамп дека во некои региони ќе остави американски сили.
Републиканецот Ренд Пол, кој двапати во Сенатот го блокираше Предлог-законот за Сирија, можно е да има повторно клучна улога во евентуалниот предлог-закон за „Санкции против Турција“.
Исто така, клучен ќе биде и ставот на лидерот на мнозинството на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел. Мекконел, кој претходно даде изјава дека е против повлекувањето на американските сили од Сирија, во минатонеделната изјава, користејќи претпазлив говор, рече: „Треба да се избегнат чекорите кои Турција ќе ја турнат во рацете на Русија.“
Кога сиве овие елементи ќе се соберат, во Сенатот кој има 100 сенатори, Предлог-законот треба да биде донесен со најмалку 67 гласа за да не се донесе над стапката за вето. Тоа пак значи дека треба да гласаат најмалку 20 републиканци, од вкупниот број на републиканците кој изнесува 53.
Ако имињата како што се Грахам, Мекконел и Пол, ако наместо предлог-закон со тешки санкции, подготват предлог-закон со полесни санкции за Турција или пак предлог-резолуција, тогаш ќе пропадне и последниот Предлог-закон усвоен во Претставничкиот дом.
На крајот може да се каже дека со Предлог-резолуцијата за Ерменците усвоена на Претставничкиот дом на САД која е необврзувачка и со Предлог-законот за санкции за Турција кој е обврзувачки ако биде донесен, односите меѓу Турција и САД кои се наоѓаат во деликатна состојба, ќе ги доведе до работ на ќор-сокак.
Ако во Сенатот биде применет различен пат, и ако нацрт-законите останат во моменталната состојба, односите меѓу двете земји можат да се спасат без целосно да влезат во ќор-сокак. Ако слични чекори, како оние во Претставничкиот дом, бидат преземени и во Сенатот и нацрт-законите бидат усвоени, тогаш ќе започне нов процес во билатералните односи, кој ќе биде многу тежок за поправање.
news_share_descriptionsubscription_contact
