свет

Турската армија ја спроведе 15. координирана патрола во сириски Мунбич

Првите патроли на турските и американските трупи во регионот започнаа на 18 јуни

Seyit Ahmet Aytaç  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Турската армија ја спроведе 15. координирана патрола во сириски Мунбич

Ankara

АНКАРА (АА) - Турската армија денес ја заврши 15. рунда на патролирање во северниот сириски град Мунбич, како дел од Договорот со Соединетите Американски Држави (САД) за ослободување на областа од терористичката група ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во пораката објавена на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер, турскиот Генералштаб изјави дека силите на двете земји спровеле одвоени координирани патроли во областа меѓу регионот на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и Мунбич.

Првите патроли на турските и американските трупи во регионот започнаа на 18 јуни.

Договорот помеѓу Турција и САД за Мунбич предвидува воспоставување безбедност со повлекување на ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК, од регионот.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ), а одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица во изминатите три децении од терористичката кампања против Турција.

Доколку Договорот со САД во Мунбич се покаже како успешен, од Анкара е најавено дека овој модел може да се примени и во другите градови во североисточна Сирија, кои под окупација ги држат терористите на ЈПГ/ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.