Ali Murat Alhas
24 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
АЗАЗ (АА) - Турските вооружени сили денес ги нападнаа позициите на терористичката организација ЈПГ/ПКК која под окупација ги држи селата во близина на сирискиот град Тел Рифат, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на Вооружените сили на Турција позиционирани во подрачјето ослободено со турската операција „Штитот на Еуфрат“, со хаубици во 12 наврати ги гранатираа позициите на ЈПГ/ЈПГ во селото Шајк Иса, во близина на Тел Рифат и во селото Харбил во подрачјето на Маре.
Вчера турската армија, исто така ги гаѓаше позициите на ЈПГ/ПКК во Тел Рифат.
- Ситуацијата во Тел Рифат -
Тел Рифат три години се наоѓа под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
ЈПГ/ПКК го окупираше Тел Рифат во 2016 година во надеж да го спои Африн со областите под нејзина контрола источно од реката Еуфрат, со тоа воспоставувајќи зона на влијание долж сириската граница со Турција.
Меѓутоа, сириското подрачје Ал Баб, кое се наоѓа меѓу Тел Рифат и Мунбич, беше ослободено со операцијата „Штитот на Еуфрат“, со што ЈПГ/ПКК беше спречена да направи територијално поврзување.
Околу 250.000 бегалци од Тел Рифат и околината побараа привремено засолниште во градот Азаз кој се наоѓа блиску до зоната ослободена во „Штитот на Еуфрат“, и е под контрола на опозицијата.