свет

Туркије: Користење на груба сила против целото цивилно население не може да се легализира како самоодбрана

- „Израелската окупација лежи во сржта на моменталниот проблем“, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кечели

Alperen Aktaş  | 03.12.2023 - Обновена : 05.12.2023
Туркије: Користење на груба сила против целото цивилно население не може да се легализира како самоодбрана

ИСТАНБУЛ (АА) - Употребата на „груба сила против целокупното цивилно население од страна на окупациската израелска сила не може да се легализира како самоодбрана“, рече вчера портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кечели, известува Анадолу.

Во врска изјавата на израелскиот министер за надворешни работи Ели Кохен објавена на социјалната мрежа Х, Кечели истакна дека „Израел што повеќе ги угнетува Палестинците и ја уништува нивната основна слобода, толку повеќе ќе се соочи со поголем отпор бидејќи се поголем бројот Палестинци ќе продолжат да бараат остварување на своите колективни и индивидуални права.“

„Во сржта на проблемот лежи израелската окупација, како и нејзиниот експанзионистички менталитет и репресивни акции кои во потполност ги игнорираат законот, човечките права и универзалните принципи“, рече Кечели.

Кохен претходно изјави дека Израел „ќе ја ослободи Газа од Хамас, поради безбедноста на Израел и создавање на подобра иднина за жителите на регионот“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın