Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
ИДЛИБ (АА) - Конвој на Турските вооружеи сили (ТСК) во согласност со договорот од Астана, во подрачјето на Морик ја постави 9. набљудувачка точка, во зоната за намалување на тензиите во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА во Идлиб, во утринските часови, турско-сириската граница ја минал воен конвој од 100 возила, кој од селото Кеферлусин, преку Хан Шејхун, пристигна во во северните делови на Хама, во руралните делови на Морик, каде поставија набљудувачка точка.
Новата набљудувачка точка се наоѓа во длабочина од околу 88 километри од турско-сириската граница.
На околу 3 километри наспроти поставената точка се наоѓаат од позициите на воените елементите на режимот на Башар Ал Асад и вооружени групи поддржани од Иран.
Во Астана, главниот град на Казахстан, во рамките на договорот постигнат на трилатералната средба меѓу Турција, Русија и Иран, на 12 декември 2017 година, ТСК започна да поставува набљудувачки точки за следење на прекинот на огнот од страна на режимот во зоните без судири.
Договорот предвидува ТСК постепено да постави 12 набљудувачки точки, почнувајќи северно на Идлиб, кон југот.
По завршувањето на транзицијата, и по започнувањето на набљудуваката мисија на ТСК, се очекува руските сили кои се дел од Контролните сили за намалување на тензиите, да ги заземат своите места во надворешниот дел од зоната за намалување на тензиите во Идлиб, на фронтот меѓу режимот и опозиијата.