Sarp Özer
16 Јуни 2022•Ажурирај: 17 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - Министрите за одбрана на Туркије (Турција), Велика Британија и Украина разговараа за актуелни прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот на Туркије, Акар, во рамки на состанокот на министрите за одбрана на НАТО ги продолжува своите средби.
По билатералните средби, министерот Акар се сретна со министрите за одбрана на Украина и Велика Британија на трилатерална средба.
На средбата меѓу Акар, британскиот министер за одбрана, Бен Валас и украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников, разменети се информации за регионални одбранбени и безбедносни прашања, а се разговараше и за последните случувања во Украина.
Во тие рамки стана збор и за безбедно евакуирање на бродовите натоварени со жито што чекаат во украинските пристаништа и обезбедување безбеден транспорт на авионите А400М во Туркије.