Selen Temizer
06 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Делегациите на Турција и Соединетите Американски Држави (САД) утре ќе го одржат третиот состанок на заедничката работна група во врска со Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатските извори, состанокот на кој ќе учествуваат претставниците на надлежните министерства и институции на двете земји, ќе се одржи утре во главниот град на Турција, Анкара.
Делегациите на двете земји ќе бидат предводени од заменик-министерот за надворешни работи на Турција, Седат Онал, и специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џефри.
Првиот работен состанок се одржа на 8 март во САД, додека вториот на 13 јуни во Анкара.