Ekip
01 Ноември 2022•Ажурирај: 02 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Денес се слушаа тревоги за воздушни напади низ цела Украина, вклучително и главниот град Киев, соопштија локалните власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Само регионот на Крим, кој Русија незаконски го анектираше во 2014 година, беше мирен, според мапата за предупредување за воздушен напад што властите ја објавија на Телеграм.
Официјалните лица побараа од луѓето да одат во засолништа.
Руските сили спроведуваат секојдневни воздушни напади на Украина по минатомесечната експлозија на мостот Керч, кој ја поврзува Русија со полуостровот Крим.