Emre Gürkan Abay
01 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
МОСКВА (АА) - Судот во Русија изрече парична казна од 2 милиони рубљи (околу 32.500 евра) за Фондацијата Викимедија (Wikimedia Foundation), со образложение дека не ги избришала лажните информации во Википедија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во судот Таганскиј во рускиот главен град Москва се одржа рочиштето на судскиот процес во врска со тужбата на Федералната служба за надзор на комуникациите, информатичката технологија и медиумите (Roskomnadzor) против Фондацијата Викимедија.
Судот заклучи дека не се почитувани законите со образложение дека не биле избришани лажните информации во Википедија во врска со руската Армија и на Фондацијата Викимедија и досуди парична казна од 2 милиони рубљи.
Википедија во минатото беше парично казнета со 5 милиони рубљи од слични причини.