Michael Gabriel Hernandez
22 Февруари 2025•Ажурирај: 23 Февруари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа нејасно алудираше дека наскоро ќе има „добри вести на Блискиот Исток“, без да укаже на што мисли, јавува Анадолу.
„Имавме неспособен претседател кој нѐ доведе во хаос. Истото на Блискиот Исток. Ќе имаме добри вести на Блискиот Исток“, рече Трамп, мислејќи на неговиот претходник Џо Бајден.
Трамп понатаму се осврна на четврточното ослободување на останките на четворица израелски заложници од страна на Хамас, иако не е јасно дали двата коментари се поврзани.
„Она што се случи вчера, местото на тие бебиња не беше прифатливо за никого. Никој нема видено такво нешто“, рече тој.
Хамас предаде четири ковчези со посмртни останки на израелски заложници убиени во израелското бомбардирање, наведувајќи дека тие припаѓаат на Шири Бибас, нејзините две деца Кфир и Ариел и на заробеникот Одед Лифшиц. Трансферот беше дел од седмата серија на размена на затвореници според првата фаза од договорот за прекин на огнот.
Но, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видеоизјава вчера тврдеше дека Хамас наместо на Бибас го вратил телото на друга жена од Газа.
Израелски официјален претставник изјави дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го информирал Израел дека примил уште едно тело од Хамас, за кое групата рече дека припаѓа на Шири Бибас, објави во петокот израелското армиско радио.