Hakan Çopur
04 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
ВАШИНГТОН
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагираше откако Иран соопшти дека ќе го зголеми лимитот на резерви на збогатен ураниум, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп преку Твитер уште еднаш реагираше против Иран во врска со зголемувањето на лимитот на збогатен ураниум.
„Иран тукушто издаде ново предупредување. Рохани вели дека ако нема нуклеарен договор, износот на збогатен ураниум ќе го зголемат колку што сакаат. Иран, внимавај со заканите. Тие може да се вратат да ти наштетат како што никој друг не ти наштетил досега“, рече Трамп.
Иранската администрација на почетокот на неделата соопшти дека лимитот на збогатен ураниум го зголемила над лимитот за резерви од 300 килограми утврден во Договорот за нуклеарната програма,
Според веста на иранската полудржавна новинска агенција „Фарс“, администрацијата на Техеран го зголемила количеството на збогатен ураниум со концентрација од 3,67 отсто, над 300 килограми.
По оваа изјава, Трамп реагираше против Иран, истакнувајќи дека си поигрува со оган. Белата куќа, како и американското Министерство за надворешни работи, ја осудија оваа одлука на Иран.