Servet Günerigök
20 Јануари 2025•Ажурирај: 21 Јануари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп денес присуствуваа на богослужбата во епископската црква „Сент Џон“ пред неговата инаугурација, јавува Анадолу.
На богослужбата во близина на Белата куќа присуствуваа и новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша Венс.
Трамп денес ќе положи заклетва како 47. претседател на САД.
Инаугурацијата ќе се одржи во затворен простор поради ниските температури. Трамп ќе положи заклетва во Ротонда на Капитол.
По црковната служба Трамп ќе учествува на традиционалниот состанок во Белата куќа заедно со Меланија и претседателот во заминување Џо Бајден и првата дама Џил Бајден.
По завршувањето на тие настани Трамп ќе се упати кон арената Капитол Уан на собир со поддржувачите.
Потоа ќе се упати во Белата куќа за да го започне својот официјален прв ден на функцијата.