Трамп повика Нетфликс да ја отпушти членката на одборот Сузан Рајс
- Забелешките на американскиот претседател доаѓаат по изјавите на Рајс во четвртокот за време на поткастот „Останете со нас со Прит“, кој го води поранешниот американски обвинител Бхарара
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика стриминг-платформата Нетфликс итно да ја разреши членката на својот одбор Сузан Рајс или „да ги сноси последиците“, пренесува Анадолу.
Забелешките на Трамп дојдоа во неделата по коментарите што Рајс ги даде во четвртокот на поткастот „Останете со нас со Прит“, кој го води поранешниот американски обвинител Прит Бхарара.
За време на интервјуто Рајс предупреди дека некои компании, за кои тврдеше дека попуштиле под притисокот на републиканците, не треба да очекуваат благонаклоност од демократите доколку повторно ја преземат власта.
„Ова нема да биде случај на прости и заборави. Штетата што овие луѓе ја нанесуваат е премногу сериозна за американскиот народ и за нашиот национален интерес“, рече Рајс.
На својата социјална мрежа Truth Social во неделата Трамп напиша: „Нетфликс треба да ја отпушти расистката, од Трамп омраза заслепената Сузан Рајс, ВЕДНАШ, или да ги сноси последиците. Таа нема ниту талент ниту вештини - чисто политички хакер! НЕЈЗИНАТА МОЌ Е ИЗГУБЕНА И НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ. Колку ѝ се плаќа и за што??? Ви благодарам за вниманието по ова прашање.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
