Islam Doğru
03 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од Федералниот суд да го принуди Твитер да го отвори неговиот профил на таа социјална мрежа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Адвокатите на Трамп поднесоа налог против Твитер и извршниот директор Џек Дорси во Федералниот суд во американската сојузна држава Флорида.
Твитер „практикува степен на моќ и контрола врз политичкиот дискурс во оваа земја што е немерлив, историски без преседан и длабоко опасен за отворање демократска дебата“, наведуваат неговите адвокати.
Профилот што активно е користен од талибанската администрација во Авганистан е споменат во петицијата како пример за тоа како компанијата селективно ги применува правилата.
Твитер, Јутуб и Фејсбук трајно ги суспендираа профилите на Трамп на 6 јануари поради наводите дека придонел за немирите во Капитол и нерегуларностите на претседателските избори во САД во 2020 година.