Büşra Nur Çakmak
03 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) му оддадоа почит ЗА исклучителниот живот и наследство на Џамал Кашоги на третата годишнина од неговото убиство, преку соопштението од државниот секретар на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во негово сеќавање, ние повторно се обврзуваме да се залагаме за слобода на изразувањето и заштита на новинарите, активистите и неистомислениците, насекаде“, рече Ентони Блинкен во соопштението. „САД секогаш ќе стојат на ставот и ќе го штитат принципот дека поединците насекаде треба да бидат во можност да ги остварат своите човекови права без страв од казна или повреда.“
Кашоги, саудиски неистомисленик и колумнист за американскиот весник „Вашингтон пост“, беше брутално убиен и најверојатно исечен на парчиња откако е намамен од саудиските власти во нивниот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. Иако Ријад првично негираше каква било улога во неговата смрт, подоцна се обиде да ја стави вината на лошо изведена операција на испрашување.
Тоа објаснување беше широко отфрлено.
Блинкен истакна дека САД „започнаа координирани напори да спречат и да одговорат на секоја влада која ги има како цел новинарите, активистите и неистомислениците надвор од нејзините граници, здружувајќи ги дипломатските сили, спроведувачите на законот и разузнавачките алатки кон одвраќање на репресивните влади и подобра заштита на целните индивидуи и групи, вклучително и во границите на САД“.
Тој, исто така, нагласи дека Вашингтон развил глобална политика за ограничување на визите под името Џамал Кашоги, која вклучува укинување на визите „за лица вклучени во екстериторијално целење новинари, активисти или неистомисленици насекаде во светот.“
„Претседателот (Џо) Бајден јасно стави до знаење дека САД ги ставаат човековите права во центарот на нашата надворешна политика, и им потенцирам на нашите дипломати дека бранењето на човековите права е во целост дел од националните интереси на Америка и ја зајакнува нашата национална безбедност“, додаде Блинкен.