Talha Yavuz
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе дојде до конечен трговски договор со кинескиот претседател Ши Џинпинг, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Кога моментот ќе биде поволен, ќе постигнеме договор со Кина. Тоа ќе се случи, и тоа многу побрзо отколку што луѓето мислат", рече Трамп пред новинарите.
Додаде дека веќе сега би можел да се постигне договор со Кина, но дека сепак сака да причека одреден период.
„Сега сме дефинитивно во многу подобра положба во однос на било кој договор кој можевме да го постигнеме", рече Трамп.
Напомена и дека и некои други земји веќе преговараат со САД, бидејќи, како што рече, не сака да имаат слични проблеми со Вашингтон.
Трамп во понеделник исто така ја предупреди Кина да не се осветува за новото зголемување на царините, но и нагласи дека американските потрошувачи нема на своја кожа да ја почувствуваат таа мерка.
САД во петок двојно ги зголеми царините на увоз на кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари.
Кина веќе во понеделник објави дека никогаш нема да им се предаде на надворешните притисоци, иако не појасни на кој начин ќе му возврати на Вашингтон по новите закани дека ќе наметне царини и на сите преостанати кинески производи.