свет

Трамп: „Кинескиот претседател Ѓинпинг е тежок за постигнување договор“

Трамп изјави дека отсекогаш го почитувал и ќе го почитува претседателот на Кина, но дека тој е тврд преговарач, при што на платформата Тру Соушал напиша: „Тој е многу цврст и исклучително тежок за постигнување договор!“

Beril Çanakcı  | 04.06.2025 - Обновена : 05.06.2025
Трамп: „Кинескиот претседател Ѓинпинг е тежок за постигнување договор“

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес го опиша кинескиот претседател Си Ѓинпинг како многу цврст и особено тежок за постигнување договор, јавува Анадолу.

Трамп изјави дека отсекогаш го почитувал и ќе го почитува претседателот на Кина, но дека тој е тврд преговарач, при што на платформата Тру Соушал напиша: „Тој е многу цврст и исклучително тежок за постигнување договор!“

Оваа објава следуваше по медиумските извештаи според кои Трамп и Си може да имаат телефонски разговор оваа недела, како што изјави висок претставник на Белата куќа за Си-ен-би-си во понеделникот, под услов да остане анонимен.

„Иако точниот датум сѐ уште не е познат, се очекува двете страни да воспостават директна комуникација многу наскоро“, додаде официјалниот претставник.

Очекуваните разговори ќе се реализираат во период на обновени тензии поради трговскиот договор постигнат во Женева на 12 мај. Со тој договор САД и Кина се согласија на 90-дневна суспензија на повеќето царини и укинување на мерките воведени од почетокот на април.

Оттогаш двете страни се обвинуваат меѓу себе за прекршување на условите од договорот. Трамп тврдеше дека Кина не ги испочитувала обврските, а Пекинг во понеделникот ги отфрли тие обвинувања како „неосновани“ и предупреди на силни контрамерки за заштита на своите економски интереси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın