Hakan Çopur
07 Јуни 2024•Ажурирај: 08 Јуни 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Израел „мора да ја добие војната во Газа и брзо да ја заврши работата“, пренесува Анадолу.
Трамп во интервју за телевизијата Фокс њуз зборуваше за израелските напади врз Појасот Газа и американско-израелските односи.
Тврдејќи дека она што го доживеа Израел на 7 октомври е заборавено, Трамп изјави дека овие напади треба да се паметат и дека Израел треба да биде силен „како порано“ во американската политика.
„Израел мора да ја заврши оваа работа (во Газа, заб.ав.), да ја заврши оваа работа брзо и силно и да се врати во живот бидејќи траеше предолго. Тие мора да победат и да ја завршат работата“, рече републиканскиот политичар.
Од друга страна, Трамп тврдеше дека израелското лоби било највлијателно во Вашингтон пред 15 години, но денес тоа е далеку од својата поранешна моќ „поради некои демократски имиња“.
Обвинувајќи го лидерот на мнозинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, кој претходно го нападна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рече дека изборите треба да се одржат во Израел, Трамп рече:
„Тие (израелското лоби, заб.ав.) ги немаат поддржувачите што ги имаа некогаш. Дури и Шумер се однесува како Палестинец.“