İnci Gündağ
11 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп и премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, разговараа за ситуацијата во Лондон и за операциите на САД во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на британската премиерка соопшти дека Меј синоќа, во телефонски разговор со американскиот претседател Трамп, изразила целосна поддршка од Велика Британија за операциите што официјален Вашингтон ги презема против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
„Соговорниците се согласни дека новонастанатата ситуација во Сирија е можност Русија да се убеди дека не е во нејзин стратешки интерес да го поддржува режимот на Асад“, се наведува во соопштението.
Претседателот Трамп и премиерката Меј исто така се согласни дека овонеделната посета на американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, за Москва ќе биде добра можност за исчекор во правец на воспоставување траен мир и стабилност во Сирија, земја зафатена со војна.