Hakan Çopur
07 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз на почетокот од наредната година ќе отпатува во официјална посета на Вашингтон, и во Белата куќа ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Белата куќа соопшти дека првиот човек на САД, Трамп, синоќа остварил телефонски разговор со саудискиот крал Селман и во таа пригода е договорена престојната средба во Вашингтон, која ќе биде организирана во првите месеци од наредната година.
„Двајцата лидери разменија мислења за заедничките приоритети, со акцент на јакнење на безбедноста и просперитетот на Блискиот Исток“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Трамп и Селман често контактираат телефонски, а во мај оваа година Трамп го посети Ријад и во таа пригода беше потпишан договор за купопродажба на оружје во вредност од 380 милијарди долари.