Övünç Kutlu
07 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
ЊУЈОРК (АП) - Потпретседателот на Федералните резерви на Соединетите Американски Држави (FED), Стенли Фишер, поднесе оставка на функцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од ФЕД, Фишер оставката ја испратил до американскиот претседател Доналд Трамп.
Фишер (73) во оставката навел дека на тој потег се одлучил од лични причини. Оставката на Фишер на сила ќе стапи на 13. октомври оваа година.
Во Управниот одбор на ФЕД Фишер беше од 28 јануари 2014 година, а на местото потпретседател од 16 јуни 2014.