Ayşe Aktaş
06 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за време на неговата посета на Блискиот Исток, лидерите посочиле на Катар кога тој зборувал за (не)финансирањето на радикалната идеологија, јавува Anadolu Agency (AA).
„За време на неодамнешната посета на Блискиот Исток кажав дека радикалната идеологија веќе не може да биде финансирана. Лидерите посочија кон Катар – погледнете“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Twiter“.
Да потсетиме, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАР), Египет, Бахреин и Јемен вчера соопштија дека ги прекинуваат дипломатските врски со Катар, кого го обвинуваат за дестабилизација на регионот.
Саудиска Арабија, ОАР и Бахреин го затворија својот воздушен простор за Катар и наредија дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа.