Michael Hernandez
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, дека неговото „нуклеарно копче“ не само што е поголемо туку и дека функционира, јавува Anadolu Agency (AA).
„Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, само што кажа дека копчето за нуклеарките е постојано на неговата маса“, напиша Трамп на „Twitter (Твитер) и додаде: „Дали некој од неговиот осиромашен и гладен режим ќе го информира дека и јас исто така имам нуклеарно копче, но тоа е многу поголемо и помоќно од неговото и тоа функционира“.
Ким во своето новогодишно обраќање кажа копчето за нуклеарките е на негова маса и додаде дека целата територија на САД е во домет на неговото нуклеарно оружје.
„Ова е реалност, а не закана, изјави севернокорејскиот лидер во своето телевизиско обраќање“, пренесе јужнокорејската агенција Јонхап.
Прехотно, американската пратеничка во ОН, Ники Хејли, за новинарите изјави дека САД никогаш нема да ја прифатат нуклеарната програма на Северна Кореја, на прашањето за индициите дека Пјонгјанг подготвува ново тестирање на балистичка ракета.
„Се надевам дека тоа нема да се случи. Но, доколку се случи, мораме да донесеме нови мерки за да извршиме притисок врз севернокорејскиот режим. Цивилизираниот свет мора да остане обединет и внимателен во врска со развојот на нуклеарниот арсенал во одметнатата земја“, изјави Хејли.
Во новогодишното обраќање Ким истакна дека постои желба за испраќањее делегација на разговори во врска со учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Јужна Кореја во месец февруари.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ја повика својата влада брзо да реагира во врска со понудата за дијалог. Но, Хејли на тоа изјави дека таквите разговори не можат да бидат продуктивни доколку Северна Кореја претходно не ја запре својата нуклеарна програма.