Seda Sevencan
15 Февруари 2025•Ажурирај: 16 Февруари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД ќе ја поддржат одлуката на Израел бидејќи истекува рокот за палестинската група Хамас да ги ослободи сите преостанати заложници, јавува Анадолу.
Трамп, во објава на својата социјална мрежа Truth Social укажа на рокот што на почетокот на неделава му го постави на Хамас, барајќи да ги ослободи сите заложници.
„Израел сега ќе треба да одлучи што ќе направи денеска во 12 часот во врска со рокот наметнат за ослободување на сите заложници“, објави Трамп и порача:
„САД ќе поддржат каква било одлука што ќе ја донесат!“
Овој потег уследи откако Израел денес ослободи група палестински затвореници како дел од договорот со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и размена на заробеници.
Кога Хамас денес ослободи тројца заложници од Газа, вклучително и еден американски државјанин, Трамп рече:
„Изгледа дека се во добра форма. Тоа се разликува од нивната изјава минатата недела дека нема да ослободат ниту еден заложник.“
Претходно оваа недела, Трамп предложи да се откаже примирјето во Газа меѓу Израел и палестинската група Хамас, доколку сите заложници во опколената енклава не бидат ослободени до сабота.
Во понеделникот Трамп напиша: „Што се однесува до мене, ако сите заложници не бидат вратени до 12 часот во сабота - мислам дека тоа е вистинското време - би рекол, откажете ги сите договори и нека избие пекол. Би рекол дека треба да бидат вратени до 12 часот во сабота... потоа, би рекол, сите ќе излезат.“
Договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и размената на заробеници е на сила од 19 јануари, со што е прекината геноцидната војна на Израел во која се убиени повеќе од 48.200 Палестинци, главно жени и деца, а палестинската енклава е речиси целосно разуната.