Emre Aytekin
31 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз Американската амбасада во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Иран го организира нападот врз Американската амбасада во Ирак. Ќе сноси одговорност за тоа“, напиша Трамп на својот профил на Твитер.
Трамп, кој директно го обвини Иран за нападот во Амбасадата, рече: „Иран уби еден од вработените, повредени се голем број луѓе. На тоа одговоривме многу силно, и секогаш ќе одговораме. Иран го организира нападот врз Американската амбасада во Ирак. Ќе сноси одговорност за тоа. Исто така, очекуваме Ирак да ги користи своите сили за да ја заштити Амбасадата, тоа го пренесовме до нив.“
- Протести пред Амбасадата -
Стотици луѓе се собраа пред Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад за да протестираат против нападот на САД врз бригадите на Хезболах, поврзани со Хашди Шаби, поддржувачите на шиитските милициски сили во Ирак
Демонстрантите ја скршија вратата на Американската амбасада во заштитената Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓаат и владините згради.
Демонстрантите, извикувајќи антиамерикански пароли, влегоа во зградата на Амбасадата.