Rabia İclal Turan
03 Декември 2025•Ажурирај: 04 Декември 2025
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес соопшти дека ги поништува сите документи – вклучително и претседателските помилувања – што биле потпишани од неговиот претходник Џо Бајден со користење „автопен“, пренесува Анадолу.
„Сите документи, прокламации, извршни наредби, меморандуми или договори потпишани по налог на сега злогласниот и неовластен ‘АВТОПЕН’ во администрацијата на Џозеф Р. Бајден Помладиот, со ова стануваат ништовни, поништени и без натамошен правен ефект“, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушал.
Тој додаде дека сите лица што добиле претседателски помилувања, комутации или други правни документи со „автопен“ потпис треба да ги сметаат тие акти за неважечки.
„Секое лице што има ‘помилување’, ‘комутација’ или каков било друг правен документ потпишан на овој начин, нека биде информирано дека документот е целосно и комплетно поништен и нема никаков правен ефект“, наведе Трамп.
Автопен е уред што прецизно реплицира нечиј потпис и со децении се користи од претседатели од двете партии.