Michael Gabriel Hernandez
28 Февруари 2025•Ажурирај: 02 Март 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес влезе во жестока војна на зборови со американскиот претседател Доналд Трамп и заменик-претседателот Џеј Ди Венс, јавува Анадолу.
Жестоката расправа започна откако Зеленски го праша дали може да му одговори на Венс кој се обиде да го одбрани ангажманот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи: „Она што ја прави Америка добра земја е Америка која се занимава со дипломатија. Тоа го прави претседателот Трамп“.
„Во текот на 2015 година никој не го спречи. Тој и тогаш само окупираше. Убиваше луѓе. Знаете“, рече Зеленски за Путин, што го поттикна Трамп да каже: „Јас не бев тука“.
„Знаете дека имаме разговори со него, многу разговори, мој билатерален разговор и потпишавме со него, јас, како нов претседател, во 2019 година потпишав со него, договор потпишав со него, Макрон и Меркел, потпишавме прекин на огнот, прекин на огнот. Сите тие ми рекоа дека тој никогаш нема да замине. Со него потпишавме договор за гас. Договор за гас, да, но после тоа го прекрши прекинот на огнот. Ги уби нашите луѓе. Не размени затвореници. Ја потпишавме размената, но тој не го направи тоа. За каква дипломатија зборувате Џи Ди“, додаде Зеленски.
„Господине претседателе, со почит. Мислам дека е непочитување за вас да дојдете во Овалната соба и да се обидете дa расправате за ова пред американските медиуми“, одговори Венс, велејќи дека „во моментов вие момци одите наоколу и ги принудувате регрутите на фронтот бидејќи имате проблем со човечка сила“.
„Треба да му се заблагодарите на претседателот што се обиде да стави крај на овој конфликт“, додаде тој.