Ekip
05 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Државниот секретар Рекс Тилерсон изјави дека никогаш не ја разгледувал можноста да поднесе оставка на местото врховен дипломат на американскиот претседател Доналд Трамп. На тој начин ги оспори, како што ги нарече, погрешните извештаи според коишто тој претходно оваа година сакал да се повлече, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тилерсон упорно одбиваше да каже дали го нарекол претседателот Трамп „морон“. Но, подоцна неговата портпаролка истакна дека државниот секретар не користел таков израз.
Државниот секретар вчера ја демантираше веќе распространетата вест на „NBC“ (Ен-би-си), според којашто потпретседателот Мајк Пенс ова лето морал да го одврати од намерата да поднесе оставка.
Трамп вчера на новинарите им кажа дека има целосна доверба во Тилерсон. Нешто порано, извештајот на „NBC“ го опиша како лажна вест.