Mustafa Melih Ahıshalı
19 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Сѐ уште нема официјални податоци за загинати во несреќата што се случи кога се урна една 17-катна кула во Техеран, откако претходно беше зафатена од пожар, меѓутоа најмалку 30 пожарникари останаа заробени под урнатините, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на противпожарната служба на Техеран, Џалал Мелеки, за новинската агенција „Мехр“ соопшти дека најмалку 30 пожарникари се заробени во урнатините на кулата каде што во утринските часови избувна пожар.
Според информациите, во несреќата се повредени 70 луѓе, но сѐ уште нема официјално соопштение за бројот на загинатите.
Спасувачката операција е во тек. Во близина на кулата се наоѓа и турската амбасада во Техеран, чии вработени беа евакуирани, а на зградата на амбасадата не е причинета материјална штета.