10 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа откако станбени згради се срушија во една индустриска област во источната кинеска покраина Џеџанг, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција Синхуа, објави дека спасувачите се ангажирани во утврдување на бројот на затрупани лица под урнатините од шесткатните згради во Венџу Сити уште од рано утринава.
Вкупно 15 лица, од кои 10 загинати, беа извлечени од урнатините во 02 часот и 30 минути утринава по локално време.
Според спасувачите, урнатите згради наводно биле изградени од жителите.
Сун Ѓинг од противпожарната служба изјави дека висината на урнатините е колку висината на трикатна зграда.
„За да се заштитат оние што се заробени во урнатините, главно копаме со голи раце, затоа работата се одвива бавно“, изјави Сун.
Спасувачите срушиле пет соседни куќи со цел да се спречи повторна катастрофа.
Новинската агенција Синхуа исто така цитираше и жител кој живеел во областа, кој вели дека повеќето од жртвите биле мигрантски работници.
Истрагата за рушењето на зградите е во тек.