Muhammet Kurşun
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската администрација соопшти дека лимитот на збогатен ураниум го зголемила над лимитот за резерви од 300 килограми утврден во Договорот за нуклеарната програма, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на иранската полудржавна новинска агенција „Фарс“, администрацијата на Техеран го зголемила нивото на збогатениот ураниумот со концентрација од 3,67 отсто, над 300 килограми.
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека од минатата среда до денес го мереле износот на збогатениот ураниум на Иран, и дека откриено е оти резервите биле над 300 килограми.
Портпаролот на иранската Институција за атомска енергија, Бехруз Кемалвенди, на 26 јуни истакна дека по истекувањето на рокот што им е доделен на страните од Европа, ќе го зголемат износот на збогатениот ураниум.