Ömer Koparan,Adham Kako
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
РАС АЛ АЈН
Еден цивил го загуби својот живот во сириски Рас ал Ајн во терористички напад со возило со експлозив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во центарот на Рас ал Ајн, гратче исчистено од терористите со турската операција „Извор на мирот“, извршен е терористички напад со возило натоварено со експлозив.
Според првичните информации, во нападот загинал еден цивил, две лица се повредени, а едно од нив е со сериозни повреди.
Војниците на Сириската национална војска (СНВ) кои пристигнале на местото на настанот претпоставуваат дека нападот е извршен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
И покрај договорот постигнат на 17 октомври меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) за повлекување на терористичката организација ЈПГ/ПКК од подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, тие продолжуваат со нападите во подрачјето на Тел Абјад и Рас ал Ајн.