Ethem Emre Özcan
14 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
АНКАРА
Курдската кауза за независна Сирија соопшти дека терористичката организација ЈПГ/ПКК ослободила еден од водачите на терористичката организација ДЕАШ, известува Агенција Анадолија (АА).
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, којашто во Сирија го користи името Сириски демократски сили, продолжува да ги ослободува заробените терористи, припадници на ДЕАШ.
На интернет-страницата на Курдската кауза за независна Сирија што е составена од курдски формации на сириската опозиција, објавена е веста во која се наведува дека ЈПГ/ПКК го ослободила Еид Абдулхамид ал Дејри, еден од водачите на ДЕАШ и таканаречен „командант на Бирото за односи со јавноста“, приведен пред две години.
Споменатиот терорист, член на ДЕАШ, е вмешан во голем број воени злосторства.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК минатиот месец ослободи 631 лице за кои е утврдено дека се соработници на терористичката организација ДЕАШ.