Gözde Bayar
23 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
АНКАРА (AA) - Во бомбашкиот напад кој припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК го изведоа на северот на Сирија, загинаа најмалку осум цивили, а голем број од нив се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека во бомбашкиот напад во Тел Абјад загинаа осум цивили, меѓу кои се жена и дете.
Нападот е изведен во Сулук, југоисточно од Тел Абјад, кој од терористите на ЈПГ/ПКК во текот на операцијата „Извор на мирот", покрената од страна на Турција, е ослободен на 13 октомври.
Мета на терористите на ЈПГ/ПКК се населби под контрола на Сириската национална војска, која заедно со турските сили се бори во антитерористичките операции на северот на Сирија.
Турција од 2016 година на северот на Сирија изведе три успешни операции чија цел беа терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ: Операцијата „Штитот на Еуфрат" (2016.-2017.), операцијата „Маслинова гранка" (2018.) и Операцијата „Извор на мирот".
Операцијата „Извор на мирот" покрената е на 9 октомври со цел елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК на северот на Сирија и источно од реката Еуфрат, обезбедување на безбедноста долж границите на Турција, и овозможување на сигурно враќање на сириските бегалци и заштита на територијалниот интегритет на Сирија.