Hakan Ceyhan Aydoğan
07 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин оствари телефонски разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел, во кој било разговарано за состојбата на истокот од Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Прес-центарот во Кремљ објави дека Путин и Меркел разговарале за последната ситуација во Донбас, по разгорувањето на судирите меѓу украинската армија и проруските сепаратисти.
Во соопштението се наведува дека Путин и Меркел ја истакнале својата загриженост поради разгорувањето на судирите во Украина и дека бараат колку што е можно поскоро да се прогласи прекин на огнотот, истакнувајќи ја потребата од давање поддршка за работата на Специјалната набљудувачка мисија на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).
Во соопштението се вели дека Путин и Меркел се договориле да ги зголемат своите дипломатски напори за решавање на кризата во Украина.