Faruk Zorlu
02 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Твитер денеска повторно го суспендира профилот на американскиот рапер Канје Вест поради кршење на правилата на платформата за социјални медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Дадов сè од себе. И покрај тоа, тој повторно го прекрши нашето правило против поттикнување на насилство. Профилот ќе биде суспендиран“, порача сопственикот на Твитер, Илон Маск.
Пред да го суспендира профилот на Вест, Твитер забрани негов твит.
„Во меѓувреме, Вест и продесничарската компанија за социјални медиуми „Парлер“ се согласија да го стопираат купувањето на компанијата“, се наведува во соопштението на „Парлемент технолоџис“.
Компанијата соопшти дека заемно се согласила со Је да ја прекине продажбата на Парлер.
„Парлер ќе продолжи со идните можности за раст и развој на платформата за нашата вибрантна заедница“, се истакнува од компанијата.
Во октомври, раперот кој законски го смени своето име во Је, одлучи да го купи „Парлер“, само неколку дена откако Твитер и Инстаграм го суспендираа неговиот профил поради неговите антисемитски изјави на социјалните мрежи.
Је е критикуван откако јавно даде низа антисемитски коментари во последните неколку недели, вклучувајќи го и фалењето на Хитлер во гостувањето на телевизиското шоу на екстремно десничарскиот теоретичар на заговори, Алекс Џонс.
„Ги сакам сите. Завршив со класификации. Секое човечко суштество има нешто вредно што го носи на маса, особено Хитлер“, рече Је за време на интервјуто.
„Не ми се допаѓа зборот зло покрај нацистите. Ги сакам Евреите, но ги сакам и нацистите.“