Seda Sevencan
02 Декември 2022•Ажурирај: 02 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека повеќе од 1.300 Украинци се ослободени од руско заробеништво од почетокот на војната на 24 февруари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски во видеообраќање рече дека „денеска уште 50 Украинци се донесени дома од руско заробеништво“, ветувајќи дека ќе ги врати сите други.
„Цела Украина ќе биде слободна. Сите Украинци ќе бидат дома“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател напомена дека е одржан состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на кој се разговарало за голем број факти за поврзаноста на одредени верски кругови во Украина со државата агресор.
„Сите тела одговорни за осигурувањето на националната безбедност мора да ги интензивираат мерките за идентификација и сузбивање на субверзивните активности на руските специјални служби во верското опкружување на Украина“, додаде тој.