Emel Gözellik
30 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
ТАЈПЕЈ
На Тајван е забележан земјотрес со јачина од 5,1 степен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американската агенција за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е забележан на 35 километри југоисточно од Јуифен, на длабочина од 102 километри.
Од друга страна, Централниот метеоролошки оддел во Тајван објави дека јачината на земјотресот изнесувала 5,9 степени.
Сè уште не е познато дали во земјотресот има човечки жртви.