Ekipa
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Државните кинески медиуми пренесоа дека во телефонскиот разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кинескиот претседател Сји Џинпинг рекол дека соработката е единствениот вистински избор за двете најголеми економии во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јави Радио Кина интернационал (China Radio International), во текот на телефонскиот разговор, Сји порачал дека двете држави треба да ги искористат моменталните можности.
Тој го поздравил напредокот во билатералните односи меѓу двете земји во последните 37 години, кои ги опишал како корисни за граѓаните на двете земји и за светскиот мир и стабилност.
Трамп, кој минатата недела победи на претседателските избори во САД, изјави дека Кина е голема и важна земја и нагласи дека двете земји може да напредуваат кон заемно добри резултати.
За време на предизборната кампања, Трамп го критикуваше Пекинг и рече дека сака да го зголеми данокот на увоз од Кина. Тој вети дека на Американците ќе им ги врати работните места кои, како што рече, се загубени со преместувањето на производството во азиските земји.