Adam Abu Bashal
05 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
АБУЏА
Во насилните настани до кои дојде на универзитетот Коги во подрачјето Ајингба во Нигерија, според првичните проценки животот го загубија 13 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, во судирите што настанаа меѓу две групи загинаа најмалку 13 студенти. Големиот број повредени се префрлени во локалните болници.
Портпаролот на полицијата на државата Коги, Хакем Бусари изјави дека во подрачјето се испратени полициски сили и дека е започната истрага во врска со настанот.