Sinan Doğan
26 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
БОГОТА
Според првичните извештаи, 18 лица се убиени во судир меѓу банди во северниот дел на Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во мексиканскиот печат, ривалските организирани криминални групи меѓусебно се напаѓале со тешко оружје со цел да ја одржат контролата над територијата во мексиканската држава Закатекас.
Властите објавија дека судирот настанал помеѓу картелот „Нова генерација на Халиско“ и картелот „Синалоа“, додавајќи дека животот го загубиле најмалку 18 лица.
На местото на судирот се испратени голем број полициски екипи.
Картелот „Халиско“, кој се смета за најмоќната и најнасилна криминална организација во Мексико, се бори за контрола на регионот и неговата околина против картелот „Синалоа“.