Aydoğan Kalabalık
11 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
КАИРО - Најмалку 36 лица загинаа, а 123 се повредени во железничка несреќа во Александрија, Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Од египетското Министерство за здравство потврдено е дека бројот на загинати се искачил на 36, а бројот на повредени на 123.
Еден од возовите сообраќаше на релација Каиро-Александрија, а вториот Александрија-Порт Саид.
Од Министерството за комуникации соопштија дека несреќата се случила во 14:15 часот по локално време.
Според нив, локомотивата на еден од возовите удрила во последните два вагона од возот што беше пред нив. Тоа доведе до излетување на вагоните од шините.
Со цел расветлување на овој случај, министерството формираше комисија за истражување на причините за несреќата.
Локалните медиуми и очевидците тврдат дека до несреќата дошло поради дефект на предниот воз.