Lokman İlhan
19 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
БОГОТА (АА) - Дванаесет лица го загубија својот живот во судирот кој се случи меѓу вооружени групи на границата меѓу Венецуела и Колумбија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, во подрачјето на Бока де Грита во венецуелската сојузна држава Тачира, на границата со Колумбија, се случил судир меѓу колумбиска паравоена група и група шверцери на дрога, Лос Растохос, и друга група.
Во судирот во кој е користено тешко оружје, како и експлозив, смртно настрадаа 12 лица, додека 10 лица се повредени.
Не се знае дали меѓу жртвите или повредените има цивили.
Безбедносните сили во колумбискиот приграничен град Кукута, фатија двајца милитанти кои преминале на колумбиска страна.
Според информациите добиени од безбедносните сили, овие милитанти со себе носеле големо количество муниција, а на колумбиска страна преминале за да најдат лекови.
Двајцата фатени милитанти се задржани во притвор во подрачната полициска станица.
Фреклин Дуарте, пратеник во Националното собрание на Венецуела, на социјалните мрежи тврди дека во судирот биле повредени над 20 лица биле повредени во овој судир.
Дуарте побара венецуелските безбедносни сили да преземат мерки против паравоените вооружени групи во ова подрачје, како и да осигураат безбедност.