Michael Hernandez
19 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, не сака војна со Иран и дека Вашингтон е подготвен да испрати уште 1.000 трупи на Блискиот Исток поради зголемените тензии, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање пред новинарите во американската Централна команда во Флорида, Помпео изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) и Иран се вклучени во многу пораки за да ги намалат тензиите во Персискиот Залив.
Помпео посочи на посетата на јапонскиот премиер, Шинзо Абе, на Техеран минатата недела, велејќи дека Трамп го испратил премиерот за да ја пренесе неговата порака до раководството во Иран.
„Претседателот Трамп не сака војна и ние ќе продолжиме да ja кажуваме таа порака, правејќи ги потребните работи за заштита на американските интереси во регионот“, изјави тој.
САД и Иран немаат дипломатски односи и обично ги пренесуваат дипломатските забелешки преку соговорник од трета страна. Обично Швајцарија ја исполнува таа улога, олеснувајќи ги дипломатските прашања меѓу двата ривали.
САД во понеделникот соопштија дека ќе испратат додатни 1.000 трупи во регионот поради одбранбени цели, наведувајќи ги како причина неодамнешните напади врз комерцијалните бродови, за кои САД го обвинија Иран, и наводните зголемени закани од Техеран и неговите прокси-сили.
„Неодамнешните ирански напади ја потврдуваат сигурната и веродостојна разузнавачка информација што ја добивме од непријателското однесување на иранските сили и нивните прокси-групи кои ги загрозуваат персоналот и интересите на САД во целиот регион“, изјави вршителот на должноста шеф на Пентагон, Патрик Шанахан.
„Денеска се презема дејство за обезбедување на сигурноста и благосостојбата на нашиот воен персонал кој работи во целиот регион, и за заштита на нашите национални интереси“, додаде тој.
Трамп во кратка изјава за новинарите синоќа изјави дека САД се многу подготвени за Иран.
„Ние сме многу добро подготвени, многу добро конфигурирани. Со Иран имаме многу работи кои се случуваат“, рече тој.
Американско-иранските тензии се додатно зголемени од минатата година, откако САД еднострано се повлекоа од Договорот за нуклеарната програма меѓу шесте големи сили и Иран, и воведоа санкции кон Техеран.
Трамп ја презеде тој чекор и покрај предупредувањата од другите потписнички на Пактот - петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Германија и ЕУ - дека тоа би ги зголемило тензиите со Иран и би можело да доведе до непотребен конфликт.