Ömer Erdem
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
КАРТУМ (АА) - Судан соопшти дека поранешниот претседател Омар ал Башир ќе го предаде на Меѓународниот кривичен суд (ICC), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мухамед Хасан ет-Теајиши, портпаролот на суданската Влада за преговори со вооружените движења, во главниот град на Јужен Судан, Џуба, даде изјави за медиумите.
Теајиши истакна дека со вооружените движења се согласиле Суданците за кои има потерница за апсење да бидат предадени на Меѓународниот кривичен суд (ICC).
Портпаролот Теајиши соопшти дека меѓу имињата договорени за предавање на Меѓународниот кривичен суд (ICC), покрај поранешниот претседател Башир, се наоѓаат и поранешниот министер за одбрана и внатрешни работи, Абудархим Мухамед Хусеин, поранешниот гувернер на Северен Курдуфан, Ахмед Харун и еден од лидерите на милицијата, Али Кушиб.
На 4 март 2009 година, Меѓународниот кривичен суд издаде потерница против поранешниот претседател на Судан, Омар ал Башир, под обвинение за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото во Дарфур.