свет

Средба Путин - Шредер: Гасоводот „Северен тек 2“ може да се активира

Портпаролот на Кремљ, Песков, соопшти дека „Северен тек 2“ нема да може да работи со полн капацитет до крајот на годината

Emre Gürkan Abay  | 03.08.2022 - Обновена : 04.08.2022
Средба Путин - Шредер: Гасоводот „Северен тек 2“ може да се активира

Moskova

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во Москва, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за медиумите во главниот град Москва, Песков рече дека Шредер ја посетил Москва и имал средба со Путин за време на неговата посета.

Потенцирајќи дека Шредер, како и многу експерти, е загрижен за енергетската криза, Песков рече: „И тој, исто така, на средбата со Путин побара Русија да се произнесе за нејзиниот пристап кон развојот на настаните.“

Песков, наведувајќи дека Шредер на средбата ја отворил темата за „Северен тек 2“, додаде: „Шредер праша, дали може, доколку е можно, да се активира „Северен тек 2“, а Путин одговори дека тоа е технички можно, дека многу се работи на проектот и дека проектот може веднаш да се искористи.“

Песков соопшти дека „Северен тек 2“ нема да може да работи со полн капацитет до крајот на годината и да биде пуштен во употреба денеска: „Само со половина капацитет може да се испорачаат 27,5 милијарди кубни метри, затоа што другата половина од капацитетот се користи за домашна потрошувачка.“

- Посетата на Пелоси на Тајван -

Песков, осврнувајќи се на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, рече: „Не треба да се потценува тензијата која е зголемена поради провокацијата создадена од оваа посета.“

Тој ја нарече посетата на Пелоси провокација и оцени дека таа нема никаква врска со поддршка на слободата или демократијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.